Израел ги замрзна сметките со криптовалутите на Хамас

Сподели со своите пријатели

Сајбер-одделот на единицата Лахав 433 на израелската полиција ги замрзна сметките со криптовалути на палестинските милитанти од движењето Хамас, се вели во денешното соопштение на израелската полиција.

Loading...

Хамас ги користи овие сметки од саботата за да собира пари на социјалните мрежи, се вели во соопштението на полицијата.

Според израелскиот Тајмс, берзата за криптовалути Binance соработувала со Израел во лоцирањето и затворањето на споменатите сметки.

Лахав 433 соработувал со британската полиција за да ги замрзне сметките во банката Барклис со седиште во Лондон.

Израелското Министерство за одбрана, Лахав 433, разузнавачката служба Шин Бет и други разузнавачки агенции работат заедно за да ги затворат каналите за протокот на криптовалути за кои велат дека се користат од терористички групи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка