Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавените напади врз Израелци.
Според агенцијата АФП, најавите за тие напади дошле од Иран.
Според „Џерусалим пост“, Израел „драматично“ ја зголемил способноста на своите најмодерни борбени авиони да го нападнат Иран.
Дека тоа е навистина така, сугерира и фактот што Израел неодамна интегрираше нова „паметна“ бомба во своите Ф-35.
Станува збор за оружје од еден тон што може да го носи F-35 во својата внатрешност, што не ги нарушува „стелт“ карактеристиките на авионот – што е многу важен факт доколку имате намера незабележано да влезете на непријателска територија, пренесува Јутарњи лист.
Исто така, дека Израел многу активно се подготвува за потенцијална операција, говори и фактот дека нивните воздухопловни сили изведоа четири големи воени вежби над Медитеранот во последниот месец, при што нивните авиони симулираа удар на цели со долг дострел во Иран.
Вежбите симулираа заобиколување на иранските радари и системи за откривање, како што се оние што ги штитат нивните нуклеарни капацитети.
Иран, од друга страна, отворено им се закануваше на граѓаните на Израел, како одмазда за убиствата на истакнати членови на иранската национална гарда или научници кои управуваат со нуклеарната програма, што се случи во последните години и месеци.
#BREAKING Israel urges nationals to leave Turkey immediately over Iran attack threat pic.twitter.com/RGXSUppsZY
— palantir_jp (@palantir_jp) June 13, 2022