Најмалку 41 Палестинец се убиени, а десетици се ранети во новите израелски напади и гранатирање во воено разорениот Појас Газа, соопштија медицински извори.
Според извори од болницата Ал-Авда, израелската армија отворила оган врз Палестинците што чекале хуманитарна помош во близина на раскрсницата Нецарим во централна Газа, при што загинал најмалку еден човек, а неколку други биле ранети.
Набргу потоа, од болницата Насер во Рафа беше потврдено дека израелските сили пукале во друга точка за дистрибуција на помош во јужна Газа, каде што се пријавени и повеќе жртви.
Во исто време, медицински извори велат дека најмалку 19 Палестинци се убиени, а неколку лица се водат како исчезнати под урнатините по израелските воздушни напади врз станбени згради во јужна и централна Газа во раните утрински часови.
Вкупно, според податоците од болниците во Газа, најмалку 41 лице е убиено во последните напади на израелските сили, додека десетици лица се ранети.
Израел ги затвори сите премини од 2 март, влошувајќи ги хуманитарните услови во енклавата.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутални напади врз Газа од 7 октомври 2023 година, при што загинаа речиси 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна.