Израел извести за намалување на ефикасноста на вакцината Фајзер-БиоНТек против ковид-19 во спречување на инфекции и симптоматски заболувања, но исто така изјави дека сепак е многу ефикасна во спречување на сериозни болести.
Падот на ефикасноста на вакцината се совпадна со ширењето на делта сојот и укинувањето на ограничувањата за физичко растојание во Израел, објави Ројтерс.
Ефективноста на вакцината во спречување на инфекции и симптоматски заболувања се намали на 64% од 6 јуни, објави Министерството за здравство на Израел.

Во исто време, вакцината е ефикасна 93 проценти во спречување на хоспитализации и сериозни болести од коронавирусот, пренесува Танјуг.
Портпарол на „Фајзер“ одби да ги коментира податоците од Израел, но наведе други истражувања кои покажаа дека антителата произведени од вакцината сепак можат да ги неутрализираат сите тестирани варијанти, вклучително и варијантата делта, иако со намалена јачина.

