Амбасадорот на Израел во Романија Дејвид Саранга и неговите колеги евакуираа десет украински деца болни од рак од Киев во Израел.
Loading...
Израелскиот детски медицински центар Шнајдер обезбеди медицински тим и авион за превоз на децата и нивните родители, пишува Тајмс оф Израел.
Авион со тешко болни деца денеска слета во Израел и објавено е видео на кое се гледа дека таа и нивните родители конечно се безбедни. Децата ќе бидат пренесени во Детскиот медицински центар Шнајдер.