Израел доби список на заложници кои Хамас треба да ги ослободи денеска

Сподели со своите пријатели

Договорот за прекин на огнот меѓу израелската армија и членовите на палестинската група Хамас останува на сила во Газа, додека Катар работи на продолжување на примирјето.

Loading...

Петтата група од 12 заложници беше ослободена од Газа, додека уште 30 Палестинци беа ослободени од израелските затвори.

Обединетите нации предложија отворање на уште еден премин за испорака на помош од Израел во Газа.

Судири во Џенин меѓу израелски војници и палестински вооружени лица

Вооружени судири меѓу израелските војници и палестинските вооружени напаѓачи избувнаа во текот на ноќта во градот Џенин на северниот дел на Западниот Брег.

Израел доби список на заложници кои Хамас треба да ги ослободи денеска

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека примил список на киднапирани Израелци кои Хамас треба да ги ослободи во текот на денот, што е шестата група заложници што ќе бидат ослободени како дел од привремениот прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека се известени семејствата на оние на списокот, без да се наведат дополнителни детали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас се согласил да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцнежна фаза

Денеска е втор ден од дводневното продолжување на примирјето во Газа.

Како дел од договорениот привремен прекин на огнот, Хамас ослободи некои од заложниците заробени од палестинските милитанти за време на разорниот напад врз јужен Израел на 7 октомври, во замена за ослободување на палестинските затвореници и влез на поголема хуманитарна помош во Газа.

Loading...

Според условите на договорот, прекинот на огнот би можел да биде продолжен за неколку дена, до вкупно 10 дена, доколку Хамас ослободува најмалку 10 дополнителни заложници секој ден, при што Израел ослободува повеќе затвореници, по тројца за секој заложник, како што е договорено.

Шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, вчера го посети Катар, каде што беше разговарано за потенцијално дополнително продолжување на примирјето.

Нетанјаху: Европа е следна ако не го уништиме Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди на заканата од исламистите во Европа, велејќи дека континентот ќе биде следната цел откако палестинската милитантна група Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: Израелските сили убија многу повеќе луѓе во Газа отколку што беше објавено

„Вие сте следниот, разберете го тоа. Германија, Европа. Хамас е дел од терористичката оска на Иран, Хезболах, Хутите и другите. И нивната цел е да го водат прво Блискиот Исток, а потоа и целиот свет во ерата на варварството, темните векови на средниот век. Тоа е она што тие го сакаат. И ако луѓето сè уште не го сфатиле тоа, треба. Нема да исчезне доколку не ги победиме“, рече Нетанјаху во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тој додаде дека има моменти во историјата на цивилизацијата „кога цивилизираните луѓе треба да заземат став“.

„Исто како што се случи против нацистичкиот режим, против ИСИС и против Ал Каеда. Тоа мора да се направи против Хамас и терористичката оска предводена од Иран. моментално на првата линија на нашата заедничка цивилизациска војна против варварите“, рече израелскиот премиер.

Според него, Израел нема друг избор освен да го уништи Хамас.

„Ако сакате мир, уништете го Хамас. Ако сакате безбедност, уништете го Хамас. Ако сакате поинаква иднина за Израелците, Арапите, Палестинците и сите други, уништете го Хамас“, рече Нетанјаху.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: Израелските сили убија многу повеќе луѓе во Газа отколку што беше објавено

Палестинската група Хамас вчера ослободи 10 Израелци и двајца тајландски државјани од Појасот Газа.

Од друга страна, Израел ослободи уште 30 палестински затвореници, од кои 15 жени и 15 деца.

Пред новата размена на заложници и заробеници, израелската армија и припадниците на Хамас меѓусебно се обвинуваа за нападите и првото „сериозно“ прекршување на примирјето.

Откако четиридневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас беше продолжен за 48 часа, катарскиот министер за надворешни работи Маџид ал-Ансари рече дека неговата земја работи на продолжување на мирот.

Шефовите на израелските и американските разузнавачи се и во Катар, каде што разговараат за можните следни чекори во примирјето.

Во исто време, Клубот на палестинските затвореници објави дека бројот на уапсени Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври пораснал на 3.290, меѓу кои 125 жени и 145 деца.

За тоа време, Обединетите нации предложија отворање на преминот Керем Шалом за да се овозможи доставување на хуманитарна помош од Израел во Газа, додека првиот од трите американски воени авиони кои носеа помош слета во Египет.