Израел бомбардираше уште една џамија во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелски воени авиони погодија друга џамија во градот Газа во средата рано наутро, јавува телевизијата Ал Акса.

Loading...

„Окупациските авиони ја бомбардираа џамијата Хатин на улицата Ал Џалаа“, се наведува во извештајот.

Од 7 октомври досега во Појасот Газа се уништени 33 џамии.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа во кои уништи цели населби.

Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа, додека повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Израел од 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен атентат на Нетанјаху: Иран регрутирал Израелец да го убие премиерот и другите функционери?