Израел бомбардираше клучна база на ИРГК во Иран

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека бомбардирале клучна база на копнените сили на ИРГК во Иран.

ИДФ велат дека израелските воздухопловни сили вчера ја бомбардирале базата на копнените сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во Техеран, објави „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението за медиумите се наведува дека базата на копнените сили на ИРГК „претставува централна единица во рамките на воените сили на режимот“.

Израелската војска вели дека е откриено дека Иран го преместува својот штаб за безбедност во мобилни објекти, по нападите врз многу од неговите командни центри за време на војната, и дека за време на бранот напади во Техеран вчера, израелските воздухопловни сили бомбардирале неколку од овие привремени штабови додека иранските команданти биле на тие локации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Цело време таргетирате погрешни цели! Немате поим колку ракети имаме и каде се!

ИДФ изјави дека целта на нападот била и складиште на балистички ракети во Тебриз, објави „Танјуг“.