Нито Соуџи ѝ стана познат на јавноста кога медиумите објавија сторија за неговата самоизолација – која трае повеќе од десет години.
Професионален играч на видео игри се вратил во родниот град Токио пред околу десет години и сфатил дека се срами од себе и дека се плаши да излезе меѓу луѓето.
Тој тогаш одлучил дека му е полесно да се затвори во неговите четири sида отколку да се бори со вознемиреност и анксиозност на дневна основа.
Тој дури и не излегува кога му требаат намирници – ги порачува преку интернет и го пречекуваат пред влезната врата. Единственото нешто што може да го натера да ја напушти куќата е да оди на фризер, на секои неколку месеци.
Неговиот ден започнува во 11 часот, станува од кревет, ги чита вестите и појадува. После тоа, тој посветува еден час на пораки и е-пошта, а потоа минува два часа играјќи игри. Потоа следи ручек, а потоа повторно игри.
Вечерта, тој посветува околу 20 минути вежбање, јаде закуска, се враќа на работа и легнува околу 4 часот.
„Не можев да одржувам односи со пријателите, така што повеќе немав причина да ја напуштам куќата. Ја сакам мојата работа, посветен сум на тоа и нервозен сум ако потрошам време на нешто друго”, рече тој на крајот на интервјуто за порталот УНИЛАД.