Изобилство од перформанси на настанот „Мулти Култи коцка – 2“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Настанот „Мулти Култи коцка – 2“ вчера на градскиот плоштад ги претстави  завршните продукти од четири работилници за средношколци кои се одвиваа во просториите на центарот во претходните два месеци.

[huge_it_gallery id=”383″]

Loading...

 

Овие работилниците беа дел од проектот Мулти Култи Social Youth Service кој што е финансиран од УНДП, односно програмата за развој на Обединетите нации и ние сега ќе ги прикажеме сите наши финални продукти со многу музика и со многу забава – рече Александра Михајловска, координатор на проектот.

Како дел од овој проект се случи и целосно реновирање на просториите на младинскиот центар во Куманово. Отварањето на реновираните простории го обележавме на 29ти мај со настанот МultiКулти Bubble Parade.

Мулти Култи е отворен секогаш, меѓутоа овој проект за средношколците заврши тука и продолжува во септември и целиот проект од септември ќе има нови работилници за средношколци и нови проекти – додава Михајловска.

Во рамките на настанот присутните имаа можност да проследат театарски перформанс, изложба на фотографии, модна ревија, музика и многу забава.