ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Жена родила 9 деца, а две од нив не се виделе на ултразвук претходно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Халима Сисе (25) им приреди огромно изненадување на лекарите кога родила дури девет бебиња, две повеќе отколку што гинеколозите виделе на ултразвук, објави Министерството за здравство во Мали.

Loading...

Сите бебиња се родиле со царски рез, а Халима им се придружила само на мал број жени кои родиле дури девет бебиња.

Приказната за бременоста на Халима Сиса ја окупираше западноафриканската нација и го привлече вниманието на тамошните лидери.

Кога лекарите во март рекле дека и треба посебна грижа од лекари специјалисти, привремениот премиер Бах Ндав нареди бремената жена да биде испратена во Мароко, каде што се породи во една од тамошните болници.

Таа родила пет девојчиња и четири момчиња.

„Мајката и бебињата засега се чувствуваат добро“, изјави за AFP министерката за здравство на Мали, Фанта Сиби, велејќи дека информациите ги добила од докторка од Малија, која ја придружувала Халима во Мароко.

 

Seorang wanita selamat melahirkan bayi kembar sembilan di Maghribi.

Halima Cisse, 25 tahun, berasal dari Mali,…

Posted by ASYIKfm on Tuesday, May 4, 2021

 

Loading...

„Треба да се вратиме во својата татковина за неколку недели“, рече таа.

Сепак, портпаролот на мароканскиот министер за здравство, Рашид Кудари, нема информации дека повеќекратното раѓање се случило во една од нивните болници.

Лекарите биле многу загрижени за здравјето на бремената жена и бебето. Деветка се исклучително ретка појава во светот, а шансите за преживување на бебињата се исклучително мали.

Првиот познат случај на деветка е забележан на 13 јуни 1971 година, кога една Австралијка родила пет момчиња и четири девојчиња. За жал, две бебиња се родиле мртви, а другите седум предвремено родени бебиња починале во рок од една недела.

Исто така во Малезија, Зурина Мат Саад станала мајка на девет деца на 26 март 1999 година. Родила пет момчиња и четири девојчиња, но за жал ниту едно од бебињата не преживеало повеќе од шест часа.

Leave a Reply