Измислен робот кој сам дезинфицира простории

Сподели со своите пријатели

Руската компанија НТИ Аутонет направила робот за дезинфекција на простории, пренесува ТАС.

Loading...

Роботот може да самостојно да дезинфицира просторија, но и да биде управуван од далечина, поради што неговата употреба ќе биде од големо значење во ера на пандемијата, порачуваат од компанијата.

Овој начин на дезинфекција значително е полесен од вообичаениот и гарантира заштита на животот и здравјето на луѓето кои се вклучени во овој процес.

Роботот настанал преку унапредување на робот од серијата Јуниор кои ги разви Аурора Роботикс, а во неговиот развој вложени се околу 10 милиони рубљи, односно 135.000 долари.

Роботот може да подигне тежина до 50 килограми, што овозможува поставување резервоар со средство за дезинфекција, а работи околу два часа со едно полнење на батеријата.

Leave a Reply