Новиот тип на синтетички алкохол е развиен за да овозможи уживање во позитивните ефекти што алкохолот ги има на социјалните способности, но овозможува да се прескокне мамурлокот.
Новиот пијалак под името „алкосинт“ е патентиран од професот Дејвид Нат од Империјал колеџот. Тој е синтеза на повеќе од 90 алкосинтски компоненти.
Професорот Нат се надева дека новиот алкохолен пијалок до 2050 година во целост ќе го замени „нормалниот“ алкохолен пијалак.
Овој алкохол ќе може да се користи во коктели и ќе пружи еднакво задоволство што нема да го оштетува црниот дроб ниту срцето… Индустријата на алкохол е свесна дека за неколку децении таквиот алкохол во целост ќе го замени традиционалниот. Луѓето сакаат да се хранат здраво и сакаат да пијат здрави пијалаци – рекол професор Нет.
Тој во 2009 година е сменет од функцијата советник за лекови во Велика Британија откако изјави дека земањето на екстази е помалку опасно од јавање коњ.