Осум лица во текот на изминатата недела биле приведени во Куманово откако кај нив биле пронајдени наркотици, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.
Loading...
– Во текот на измината недела полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени наркотични средства. Од нив кај 5 лица била пронајдена марихуана, 2 прашкаста материја, а при претрес во домот на Н.Д. биле пронајдени и одземени 6 пакувања со кокаин, две пакувања со марихуана и околу 50.000 денари, стои во соопштението.
Лицата биле приведени во СВР Куманово и против нив ќе следуваат соодветни пријави.