Изминатата недела повеќе оздравени од новозаболени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (30.11 – 06.12) бројот на оздравени пациенти од коронавирус во Куманово е значително повисок од бројот на нови позитивни случаи.

Loading...

Вкупно 280 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително намалување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 306 нови случаи.

 

 

Пад бележи и бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија осум лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 15 починати лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во понеделник, вкупно 60 лица, а исто така тоа е и најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале тројца пациенти.

Најмлададта жртва на Ковид-19 имала 62 години, а највозрасната 79.

Loading...

 

 

Во изминатата недела како оздравенисе регистрирани дури 428 пациенти, што е добра вест со оглед дека бројот на оздравени е значително поголем од бројот на новозаразени лица.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 2.951 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 141 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

 

Loading...

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 3.996 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 778 случаи, што е намалување во однос на изминатата недела од 165 пациенти. Пред Куманово во однос на активни случаи се само Скопје, Гостивар, Тетово, Прилеп и Битола.

Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 11то место, а претходат и многу помали општини како Струга, Гостивар, Демир Хисар, Тетово, Дебар, Штип, Скопје, Свети Николе, Берово и Ресен.

 

 

Куманово има 5,5 проценти заразено население (раст од 0,3 отсто споредбено со изминатиот седумдневен пресек), додека тој процент во Струга која е рекордер е дури 9,9 отсто.

Loading...

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 67.968 случаи, од кои во моментот се активни 22.398 лица. Излекувани се 43.646, а починати 1.924 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 64,22%, а на смртните случаи 2,83%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply