Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, на граничниот премин „Табановце“ во изминатата недела биле запленети поголема количина на режан тутун и делови за моторни возила, додека пак на автопатот Куманово – Скопје била запленета поголема количина на облека.
Режан тутун во износ од 31 килограм биле откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Непријавениот тутун е пронајден во две најлонски кеси сместени во просторот за палети на приколката и е привремено задржан. Против прекршителот е отпочната прекршочна постапка.
Мобилните царински тимови при конрола на српски камион, управувани од српски државјани, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат откриле 457 автоделови (гуртни, клинасти и ребрасти ремени, лагери, ламели, грејачи, плочки за кочници, светилки и др.).
Автоделовите се пронајдени во 3 картонски кутии сместени во надворешна преграда од кабината на возилото. Непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Во одвоен случај пак биле октриени тракторски делови, и тоа 79 нови парчиња (мембрани за пумпа, карики, вентили, запчаник, ланец за мотор и др.), при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат.
Тракторските делови се пронајдени во најлонски кеси сместени под предните седишта и во багажникот на возилото, покриени со кебе. Непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителот е отпочната соодветна постапка.
Цариниците пак открија и 985 парчиња облека (детски хеланки и чорапи) при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин извршена на патниот правец Куманово -Скопје.
Текстилните производи за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во најлонски кеси и вреќи, сместени на задното седиште и во багажникот на возилото. Непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.