Изменет сообраќаен режим поради изградба на кружен тек во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неделава започнаа градежните работи на крстосницата на улиците 11 „Октомври“ и „Трета МУБ“ во Куманово, за изградба на кружен тек на влезот на градот, поради што ќе биде воведен изменет сообраќен режим на оваа локација.

– Поради изведување на овие работи, ги информираме граѓаните дека ќе има континуирано пренасочување на сообраќајот, во овој дел од градот со соодветна верткална и хоризонтална сигнализација. Поради тоа апелираме граѓаните да се прилагодуваат и придржуваат на новонастаната сообраќајна ситуација, во наредниот перод односно до завршување на изградбана на кружниот тек, информираат од Општина Куманово.

Целта за изградба на овој кружен тек, како што појаснуваат од локалната самоуправа, е со модерни сообраќајни решенија да го намалиме сообраќајниот метеж во општината. 

Leave a Reply