Дваесет и четиригодишна кумановка била измамена за сума од 165.000 денари во надеж дека ќе добие работа во Швајцарија.
– На 25.11.2025 во 14:30 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од Р.М. од село во Општина Липково за сума од 165.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, во август 2024 година Р.М. се понудил да и помогне за добивање работа во Швајцарија и побарал пари.
– Откако во декември 2024 оштетената му ги дала парите, повеќе не можела да стапи во контакт со него, стои во соопштението.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

