Измамен кумановец, сопсветник на продажен објект

Сподели со своите пријатели

Кумановец сопственик на продажен објект вчера бил измамен за сума од 2.900 денари.

– На 23.02.2022 во 16.50 часот во СВР Куманово, 53-годишен маж од Куманово, сопственик на продажен објект во Куманово, пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.900 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, лицето му побарало да му подготви неколку кутии со прехранбени производи и откако пријавителот почнал да ги подготвува лицето му побарало пари за наводно да го плати карго превозот, но не се вратило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски