„Измама“ тешка 744 илјади евра: Хотел каде никој никогаш не успеал да резервира соба

Сподели со своите пријатели

Замислете сценарио каде што возите со часови по автопат во Австралија и почнувате да се заморувате.

Loading...

За среќа, наидувате на хотел на средина од никаде, ѝ благодарите на судбината што конечно ќе можете да се истегнете и да се наспиете добро, но додека се приближувате до необичната зграда, сфаќате дека нешто не е во ред.

Имено, хотелот е лажен (сценариото не е).

Хотелот „ИстЛинк“ е всушност скулптура лоцирана на периферијата на Мелбурн, Австралија, дизајнирана да изгледа како вистински хотел.

Големиот модел на хотелот, чија изградба чинела 744 илјади евра, е дизајниран од канадскиот уметник Калум Мортон и претставен на светот во 2007 година.

Оттогаш збунува многу луѓе кои се обидуваа да резервираат сместување таму или да влезат внатре…

Веб-страницата на „ИстЛинк“ сè уште добива барања за цени на соби, достапност и информации за паркирање, а опишувајќи го концептот зад дизајнот, Мортон сакал минувачите да го видат „ИстЛинк“ како вистински хотел или реквизит што го „извадил“ од тематски парк или филмски сет.

Џиновската лудост, како што Мортон ја нарекува, има чисто декоративна функција.

Loading...

ИстЛинк е висок 20 метри и е изграден од челик, бетон и стаклени панели.

Кога ќе падне ноќта, некои од прозорците светнуваат, што ја прави целата приказна поинтересна.