Изложбата „Жените и фотографијата“ традиционално по повод 8ми март

Сподели со своите пријатели

По повод 8 -ми март, Светскиот ден на жената, Фото клуб Куманово по четврти пат ја организира меѓуклупската изложба насловена како „Жените и фотографијата“.

На изложбата ќе бидат претставени 60-тина фотографии од авторки од Куманово и останатите градови на Република Македонија. Фотографиите се во селекција на Жаклина Стефановска, повеќегодишен член во ФК Куманово.

Изложбата ќе биде отворена во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово на 3ти март во 19:30 часот.