Изложба под насловот „Сакрални објекти и рурална архитектура од велешкиот регион“ во петок ќе биде отворена во просториите на куманвоската Уметничка галерија.
Изложбата содржи 36 паноа со фотографии на сакрална и рурална архитектура од Велешко, а автори на изложбата се: Елица Николова, историчар на уметност и директор од Музејот во Велес и м-р Дарко Николовски, историчар на уметност од Националниот конзерваторски центар од Скопје, додека координатор на изложбата ќе биде Славица Крстиќ, од Музеј Куманово, историчар на уметност.
На 36 паноа, двајцата автори преку фотографии ги претставуваат црквите и куќите во дел од велешките села. Проектот е работен три години, а биле посетени 77 села и половината од нив се претставени на изложбата.
Имаме објекти од 17 век со фрагментарно сочувано ѕидно сликраство или икони, како што е случај со црквите во Црквино, Свеќани, Мартолци, Бистрица, Ногаевци, Убого, Габровник, Дреново. Во регионот се кријат, засега непознати за научната јавност, споменици од поствизантискиот период , храмови од мали размери на еднобродни селски црквички. Делумно некои од нив во 19 век биле пресликани, но сепак ја пополнуваат непознатата слика за поствизантиската уметност во повардарскиот регион. Наспроти тоа во средината на 19 век изградени се значајни храмови во Папрадиште, Согле, Бистрица, Богомила кои сведочат за македонскиот градител-гениј – велат од кумановскиот музеј кој е организатор на изложбата.
Отворањето на оваа изложба е закажно за петок со почеток од 19 часот, а може да присуствуваат сите граѓани на Куманово, љубители на овој тип на уметност.