По повод одбележувањето на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, денеска пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ беше отворена 14-тата меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото салон Куманово 2020“.
Присутните имаа можност да разгледаат дваесетина наградени фотографии на учесници кои се пријавија и беа избрани за учество на изложбата. Изложбата ја организира Фото киноклуб „Козјак“ Куманово.
– Годинава се пријавија околу 250 учесници од скоро 60 држави од светот. Станува збор за традиционална изложба на која на годишниот повик се јавуваат учесници од сите држави. Овој пат поради пандемијата, изложбата е скратена и се одржува во поинакви услови, изјави Дејан Ангеловски, претседател на Фото киноклуб „Козјак“ Куманово.
Изложбата се одржува во рамки на програмата за одбележување 76 години слободно Куманово и 501 година од постоењето на Куманово.
Александра Максимовска, Куманово