Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток од 19 часот ќе биде отворена изложба на слики од авторката Живка Величковска.
Изложбата содржи триесетина дела работени во последните пет години.
Живка Величковска е родена 1954 г. во Куманово. Дипломиран економист на Економски факултет при универзитетот “Свети Кирил и Методиј” ,Скопје.
Од 2019 г. како пензионер се занимава со рачна изработка на украсни предмети од гипс, глина, хартија, со рециклирање и декупаж техники.
Воедно и слика и користи различни техники, мотиви и бои. Претежно акрил и темпера на различчни подлоги. До сега има учествувано на две групни изложби на “Самоуки” кои традиционално се одржуваат во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово.
Ова е нејзина прва самостојна изложба со нејзината омилена тема- цвеќе. Со оваа изложба сака да ги инспирира и поттикне сите креативни луѓе, без разлика на возраста и образованието да ја искажат и покажат својата креативност во областа на уметноста и рачната работа.
Изложбата ќе биде поставена до 05.02.2025.
Интегрално соопштение