Изложба на шарпланинци се одржа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на кинолошкото друштво Тумба, а во чест на починатиот судија Владимир Крстевски, викендов во Куманово за прв пат се одржа кинолошка изложба на специјализираната расата шарпланец.

Loading...

На изложбата која се одржа на градскиот кеј, учествуваа 80-ина кучиња од овој вид од повеќе градови од државата, но и од соседна Србија.

-Имавме учесници од државата и соседна Србија, Чешка и Канада. Во каталогот беа пријавени 76 кучиња од кои на терен излегоа 73 и плус уште 8.  Се надевам дека сите учесници се задоволни, обезбедивме богати награди и се надевам дека наредната година дека ќе има уште повеќе учесници и од Босна и Словенија,сега беше краток рокот за маркетинг за одржување. Сепак сме благодарни на посетителите и учесниците на манифестацијата-истакна претседателот на кинолошко друштво Тумба од Куманово,  Кирчо Крстевски.

Учесниците истакнаа дека се задоволни од одлуките на судиите и ја пофалија организацијата на изложбата.

Loading...

-Мојата одгледувачница брои 13 единки, денеска на оваа прекрасна изложба на меморијален турнир во чест на големиот Влатко донесовме за жал едно куче и се надевам дека помина убаво бидејќи беше избрана за најубава женка на изложбата.  Судењето беше одлично, за мене како победник ми претставуваше голема чест и се надевам дека беше реално, самата публика го кажа тоа-посочи Александар Ѓеоргиевски.

– Јас сум од Штип пред се сакам да се заблагодарам на организаторите за организацијата, судењето беше одлично, со мали забелешки, меѓутоа се е како што треба.   Клупски победник на овој меморијал, се надевам дека наредната година меморијалот ќе прерасне во поголема бројка-посочи Антонио Панчевски од Штип.

– Јас доаѓам од Ниш, сум долгогодишен пријател на починатиот Владимир Крстевски, другари сме од 95 година. Организацијата беше одлична, многу сме задоволни, во Куманово се чувствуваме како дома-нагласи Слободан Петровиќ, одгледувачница од Ниш.

Организаторите се надеваат дека оваа изложба ќе прерасне во традиција.

Loading...

Leave a Reply