Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Иизложбата на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште, во периодот 2023/2024, во четврток во 19 часот ќе биде отворена во Изложбениот салон на НУЦК ”Трајко Прокопиев” – Куманово .

Loading...

Преку изложените дваесеттина дела ќе понуди увид во креативниот творечки ппроцес на талентираните уметници од различни делови на светот.

Овој групен творечки опус  што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот Домот на културата “Крсте Мисирков-“  Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата , како  и интензивната работа и соработка на учесниците на оваа манифестација  коишто создадоа уникатни уметнички дела инспирирани од околината и локалната култура на локалитетот Ѓуриште.  . Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе и идеи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Ве покануваме да дојдете и да го проследите ова уметничко искуство, како и со своето присуство да ја поддржите креативноста и инвентивноста на застапените уметници.

Изложбата  ќе биде поставена до 07.11.2024.

Интегрално соопштение