Изложба на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Vо Изложбениот салон на НУ Центар за кулрура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток од 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Славит природата“ од авторите Емилија и Стојче Тоциновски.

Loading...

Изложбата содржи 30-тина слики работени во техниката акрил на платно и е дел од нивната најнова продукција.

Авторите м-р Емилија (1973) и д-р Стојче Тоциновски (1974) се академски ликовни уменици. Како сопружници и уметници од 2011 година заедно творат создавајќи препознатлив естетски свет и уметничка постапка. Инспирацијата е натурализмот пренесувајќи го исконското во нив. Дрвата и планините се нивен личен печат и ги има во сите нивни уметнички дела. Учесници се на голем број групни изложби и имаат петнаесет самостојни изложби во Македонија, Хрватска и Црна Гора. Живеат и работат во Скопје.

НАГРАДИ:

2012 – 10 – ти Салон на стрип, Награда за дебитантски стрип Марко Крале – три наречници, Ликовен салон, Велес

2018 – Анри Динан – признание за волонтерство, Црвен крст на Р Македонија

2019 – Un maestro per un anno un libro per sempre, прва награда, Gallery Art Casa Mexicana, Бари, Р Италија

 

Loading...

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:

 

2013 – Пејзажи, Ликовен салон, Велес

ПРОЧИТАЈТЕ И:  IV Семинар за традиционална музика и игра во Куманово

2014 – Минијатурни пејзажи, МКД Илинден, Риека, Р Хрватска

2014 –  Пејзажи, Полска традиционална вечер Andrzejki, Скопје

2015 – Илустрации за деца и млади, 1. Меѓународен фестивал Големи и мали деца, Културен центар Феникс, Скопје

2016 – У центар, Културен дом Повљана, острово Паг, Р Хрватска

2017 – У центру тачка, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска

Loading...

2018 – У заљиву мора, Научна библиотека, Задар, Р Хрватска

2018 – Откривајучи отоке, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска

2019 – Галоп сјена, Културен центар Карло Ројц, Пула, Р Хрватска

2019 – Кас коња, Културен дом Повљана, остров Паг, Р Хрватска

2019 – Галоп коња, Научна библиотека, Задар, Р Хрватска

2021 – Чудна шума III, Манифестација VII Бихорско културно лето, ЈУ Културен центар, Петницa, Р Црна Гора

2021 – Чудна шума III, VII Септамбарски дани, ЈУ Културен центар, Рожае,

Р Црна Гора

Loading...

2022 – Еден маж и една жена, Музеј – Галерија, Кавадарци

2023 – Растеж, НУ Културен центар, Крива Паланка

2024 – Понаронит, Општествен центар на градските здружнија Ројц, Пула, Р Хрватска

2024 – Померуват се дрвјата раскошни, Градска библиотека, Задар, Р Хрватска

 

За нивното творештво историчарот на уметноста Роберт Цветковски ќе запише:

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аџи Тепе домаќин на најголемиот училишен крос во Куманово

Со своите настапи на македонската ликовна сцена од 2011-та година до денес, академските ликовни уметници  и сопружници,  м-р  Емилија и д-р Стојче Тоциновски, постојано предизвикуваа внимание кај ликовната критика и публика. Се работи за еден редок феномен каде што двајца уметници работат на едно платно и во една симбиоза го креираат финалниот продукт. Уникатниот пристап, изборот на теми како и нивната интерпретација – сите овие елементи инкорпорирани во нивното творештво – ги прави препознатливи и автентични за поширокиот аудиториум.

По низата успешни настапи и претставувања во земјата и во странство, сопружниците Тоциновски во 2025-та година решија, во соработка со НУ Центар за култура – Куманово и Министерството за култура на РС Македонија, да ни го презентираат најновиот проект којшто тематски се занимава со славењето на природата, истиот даден во вид на една збирка на слики (акрил на платно) од нивната најнова продукција.

Инаку, темата е природа персонифицирана најчесто во вид на стилизиран планински пејзаж или оголено дрво, коишто се чести лајтмотиви во овој циклус и на истите подоцна се додаваат разни елементи со наративна или илустративна намена. Гледано во целина, овие ликовни творби претставуваат во најголем дел сложено структурирани композициски  решенија коишто во себе содржат елементи на стилизирана фигурација, апстрактно-асоцијативни елементи и објекти, знаковна енкрипција и колористичка експресија. Цртежот е едноставен и од него зрачат јасни пораки а колоритот е избалансиран и ставен во функција на креатор на атмосферата и вкупниот впечаток кој се движи во дијапазонот од контемплација до надреална визуализација. Во дел од сликите се забележува интенцијата на авторите кон поврзување на природните елементи и човечките творби, креирајќи надреални урбани псеудо пејзажи коишто во отсуство на човечка фигурација делуваат напуштено и оставени на забот на времето. Апстрактно-асоцијативните елементи имаат биоморфен наратив, дадени во вид на микрокосмички клеточни површини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиство во Крива Паланка, тројца уапсени

Во содржинска смисла, творештвото на ликовните уметници Емилија и Стојче Тоциновски може да се толкува во повеќе насоки но несомнено главниот дискурс се движи во потенцирање на релацијата природа – човек, поточно, импактот од човековото дејствување и одговорот на природата. Темата за една подолгорочна стратегија во насока на зачувување на природата и планетата во целина во овој период на глобално затоплување е особено актуелна па во таа смисла творештвото на овие двајца автори покрај ликовно-естетските вредности носи и вредни филозофски пораки.

Изложбата ќе биде поставена до 15.04.2025 .

Loading...