Во Салонот на Уметничката галерија во Куманово (НУ Музеј-Куманово), вечерва од 19:30 часто ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од Димитар Стојчевски, првиот академски сликар од Крива Паланка.
Куратор на изложбата е Гоце Божурски, историчар на уметност, кој е автор и на монографијата за животот и делото на Стојчевски.
Изложбата првенствено беше отворена во месец ноември 2021 година во Крива Паланка, како дел од проектот “ Ноември – месец посветен на Димитар Стојчевски “, Се реализира во соработка со Градски Музеј од Крива Паланка, Министерството за култура, Општина Крива Паланка, Меѓународна ликовна колонија “ Св. Јоаким Осоговски “, НУ Центар за култура Крива Паланка и Центарот за аудиовизуелни уметности.
Од богатото творештво на Димитар Стојчевски ќе бидат изложени повеќе од 50 ликовни дела (масла на платно и дела на хартија во комбинирани техники). Ќе биде презентиран и краток арт филм “ Магнет “, како и публикација, чии автор е Кирила Цветковска, историчарка на уметноста.
За сите посетители изложбата ќе биде отворена до крајот на месец мај 2022.
Интегрално соопштение