Изложба на цртежи на Љубе Чаловски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во среда со почеток во 19 ч. во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на цртежи на архитектот Љубе Чаловски.

Loading...

Изложбата содржи 30-тина цртежи работени во техниката јаглен на хартија коишто се работени во приодот од последните неколку години.

ЉУБЕ ЧАЛОВСКИ е роден 1947 год. дипломирал Архитектонски факултет во Скопје 1975 год. Се вработува во ГП Пелагонија во VI  Градилиште и работи во производство како проект менаџер на многу објекти-Кула 11,12 од градски ѕид, деловна зграда Вардар увоз-извоз, Пошта Тетово, Саат кула Гостивар, реконструкција на Субструктура и Пошта Скопје 2 при Транспортен центар во Скопје, хотел Пелагонија-Охрид, Колектор за отпадни води Дојран, погон за бели пецива на Жито Лукс на ул.Васил Ѓоргов, Газела, Пивара, магацин на Меркур-Импорт, Поштенски гаражи, Македонија проект управна зграда Пошта Карпош 3 и други. Надвор од земјата работи на изградба на фабрика за детска конфекција (Мосул, Ирак), ПРОЕКТ 946 во Ирак, Резеденција на Претседател на Руска Федерација во Санкт Петерзбург, Петрозаводск Хотел АЈА во Алтајски крај во Јужен Сибир, станбена зграда А1 Карпош 3…Како директор работи во V-то градилиште на ГП ПЕЛАГОНИЈА и во АД за Стопанисување и деловен простор, подрачна еденица Скопје. Активно учестува во изградбата на Стадион Филип II Македонски, консултант е на Италјанската Кооперација, на МЗШВ на нивна деловна зграда во Скопје, Брана Кнежево, Прифатен центар за јаболка во Ресен, на гасна централа во Когел, на Коридор 8 на железницата Куманово-Бељаковце и Македонски Пошти. Работи на конкурси со Проф. Живко Поповски, со Проф.Борис Чипан, Проф.Александар Никуљски и Проф.Шојлевски. Објавени трудови во ПРЕСИНГ, Отворени шест самостојни изложби, активен член на Комората на овластени инженери и техничари на РМ, Сујузот на Архитекти на РМ, Соработник со МОСТ ПРОЕКТ од Москва и ГЕРЦИ Швајцарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

За изложбата самиот автор Чаловски ќе запише:

Поводот за оваа изложа е изминатиот период од 20 години од првата изложба во НУЦК “Трајко Прокопиев”- Куманово. Јубилеј достоен за почит. Инспириран, ненаметливо го создаде новиот ликовен опус. На оваа ликовна изложба се изложени дела со мотиви од просторите и градовите на повеќе меридијани каде градел и престојувал во изминатиот период авторот повеќе од 30 години и тоа Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, Балтичките Земји, Грција и се разбира мотиви од преубавата Македонија од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата се со посебно значење.

Цртежите во техниката јаглен на хартија ги воскреснаа скиците од објектите кадешто пестојував и градев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Тие се создадени во ретките мигови на слободно време. Испирацијата од пределите каде престојував се со мотиви од архитектура, пејсажи коишто се приложени во цртежите. Тие добиваат нова димензија и експресија но  и филозофија на човекот наспроти природата и убавината.

Суптилниот начин на изразување е крилатицата на Анри Мишо кој вели : Остави ја линијата да сонува.

Loading...

Изложбата ќе биде поставена во следните две недели.

Интегрално соопштение