Изложба „Мини Минијатури“ на Валентина Илијевска во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 22.12.2022 / четврток / со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата “Мини Минијатури“ на авторката Валентина Илијевска. Се работи за збирка на четириесеттина минијатури работени во периодот од последните неколку години.

Loading...

2002-2006 Завршено средно образование при ДСУПУ“Лазар Личеноски”-Скопје.

2006-2010 Дипломирана на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ)- Скопје. Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски.

2012-2014 Магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство во класа на проф.Благоја Кузмановски. Со одбрана на труд “Реставрација на оштетениот боен слој во црквата Св.Никола и Св.Троица во Куманово“.

2021 Моментално е на трет циклус на студии-докторски студии при Институт за македонска литература-Скопје на катедрата на Културолошки студии кај проф.д-р.Илија Велев.

2012 Член на ДЛУМ. 2015 Член на ДЛУБ.

2017 Член на ИКОМОС и член на Извршниот одбор при ИКОМОС 2018-2022, активно учествува во предвидените проекти и конференции.

2018 Член на група ЛУЦИДО-БиХ. 2021 Член на АртЌакула-Хрватска.

Loading...

Од 2000 год учествува на неколку групни изложби и ликовни работилници добиено и неколку награди, признанија и дипломи. Од 2010 год активно учествува на многубројни ликовни колонии како низ државата така и надвор од неа; Србија, БиХ, Словенија, Египет, Шведска Полска, Кореа, Индија и др.

2009 Прва самостојна изложба и до ден денешен се реализирани уште неколку со претставување и надвор од државата. Како член на ДЛУМ заедно со колегите учествува скоро на сите предвидени изложби и проекти од друштвото. Добиено и неколку престижни награди при ДЛУМ.

2010-2022 Активно се инволвира во предвидените проекти во делот на конзервација и реставрација предводени од НКЦ-Скопје.

2012-2013 Работи како наставник (замена) во О.У.“Браќа Миладиновци и во неколкуте средни училишта во Куманово.

2014 до ден денешен работи на црковните објекти во Кумановоско-Осоговска Епархија.

2017-2019 е уметнички селектор при ликовната колонија “Карпино“ Куманово.

Живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при Кумановско-Осоговска Епархија во дел за заштита на културното наследство.

Инспирација или повод да се отпочне со идеја за реализација на изложба со минијатури е досегашното искуство на уметничката сцена. Меѓу останатото и како наградена со истоимена награда “МиниАртура“ при ДЛУМ. Во прилог е и препораката напишана од ликовениот уметник и педагог Марија Мицова Гацова, која наназад неколку години по ред во склоп со училишната настава, организира изложба на ученички цртежи кои непосредно се инспирирани од моите дела. Во таа чест и на големо задоволство би сакала да реализирам изложба на минијатури која ќе им претходи на младата генерација за понатмошен развиток на нивните идеи. Тоа беа изложбите насловени “Омаж за тебе“, “Фортификација на сино“ и “Големото сино“. Проектот односно изложбата “Големото Сино“ која е синтеза од двете изложби “Омаж за тебе“, “Фортификација на сино“, “Големото сино“, беше поставена и во неколкуте градови низ држава, но и надвор од неа.

Loading...

Препознатливоста на овој уметнички ракопис со взаемна подршка од Министерството за култура и повратниот фидбек од публиката ќе придонесе подобрување на уметничката платформа. Во уметничкта творба преовдадуваат ликовните елементите и принципите кои го креираат творечкиот опус во делата, каде што од длабочината на самите дела се издигнува на пиедестал синото присуство на квадратот. Преку тој симбол кој е сеприсутен во делата се истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците на постоење. Сината обоеност на коцката е обејктивна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.  Во самата внатрешност, која е формирана од самите дела, поставена е таа мала сина коцка (големината се наоѓа во малите работи).

Преку графичкиот јазик на делата се навлегува во метафизичкиот свет, барајќи ја суштината на човековите вредности. Пандан на тие изгубените човекови вредности односно притаени, некаде одамна заборавени и зафрлени во длабочината на човековото постоење, се поистоветува со малите нешта кои го сочинуваат светот вредносен.  Амбиетот во делата е создаден преку композиција на асоцијативното и апстрактното. Движејќи се помеѓу границата на егзактното и аморфното обликување на просторот. Преку симболите на квадратот и коцката  се внесува своерачен потпис и сензибилитет кој е препознатлив во делата.  Светот на квадратот кој е вечен и постојан се пренесува во коцката која е цврста и постојана, како еден бесконечен ланец на циркулирање на таа препознатлива енергија на уметничко остварување. Во изложбата се планира да се изложат досегашните реализирани дела меѓу нив и наградените, со разработени и надополнети идеи во истоимената збирка на минијатури.

Изложбата ќе биде поставена до 15.01.2023 г.

Интегрално соопштение