Изложба и промоција на книгата „Наивата во Македонија“ од Гоце Божурски во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 29 декември во 19 часот, во Уметничката галерија во Куманово, за прв пат во нашата земја, ќе се отвори изложба на македонската наива и ќе се промовира книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на  оваа област. Со обемен текст на шеесеттина страни и околу сто колор репродукции, се дава објаснување за појавата и развојот во светски рамки, како и состојбата и спецификите кај нас.  На овој начин, не само што, конечно и во наши услови, наивата добива институционална верификација, таа се легитимира не само како естетска туку и како национална културна и уметничка вредност.

Loading...

Меѓу овие (самоуки) автори, кои во отсуство на формално  ликовно образование се потпираат исклучиво на сопствените внатрешни импулси и ктреативни потенцијали, освен светски познатиот и меѓународно признат уметник Вангел Наумовски, застапени се Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски (кои се припадници на основоположничката генерација) но и Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и скулпторите Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо. Куратор на проектот е Гоце Божурски.

Предвидено е на изложбата прво да се обрати Академик Васко Ташковски, а ќе говори и ќе ја отвори министерката за култура Ирена Стефоска.

Интегрално соопштение