Заклучно 17 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 35,16% од гласачите, односно 31.824 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се базираат на обработени 95,81 отсто од избирачките места.
Излезноста споредбено со минатите локални избори е за околу два отсто помала.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.
Никола Ивановски