По напуштањето на долгата врска, многу луѓе сакаат да бидат сами или да најдат некој со кој ќе се гледаат без никакви обврски меѓу нив.
Обичниот секс можеби е добар начин да експериментирате и да видите што ви одговара, но понекогаш се случува некои работи да не излезат како што очекувавме.
Една 26-годишна девојка која сакала да остане анонимна, раскажала една од нејзините многу невообичаени приказни на психотерапевтот Деид Сандерс.
„После лошото раскинување со бившиот, решив да се забавувам пред да запознам некого за сериозна врска. Почнав да излегувам со десет момчиња истовремено. Спиев само со шест од нив, додека само излегував и разговарав со другите“, ја започнува вака својата приказна.
„Еден од нив беше убаво момче од 28 години. Тој е убав, има добра работа и потекнува од добро семејство, но сексот со него не беше најдобар. Немаше хемија меѓу нас, но јас продолжив да спијам со него затоа што се надевав дека нашата врска ќе се подобри“, истакнува таа и додава дека со текот на времето, сексот со него станал многу досаден за неа.
По некое време тој и спомнал дека игра фудбал за локален фудбалски тим.
„Додека се гледав со него, сретнав друго момче со кое двапати имав секс. Поминавме многу време заедно“.
Токму кога помислила дека пронашла добар партнер за себе, кој ѝ одговара од секој поглед, се случило нешто што не ни сонувала дека ќе се случи.
„Скоро се задушив од кафето кога едно утро ми рече дека игра во ист фудбалски тим како и претходното момче со кое спиев. Тој дури го спомна и неговото име и рече дека тие се многу добри пријатели. Истиот ден, претходното момче ме повика на кафе и ме праша дали сум слободна, но јас одбив затоа што бев загрижена дека ќе разберат дека имам секс со двајцата“.
Била загрижена дека ќе си кажат нешто за неа и ќе зборуваат каква е во кревет. Размислувала дали да почека односот меѓу нив да стане сериозен, па да му каже за претходното момче или да не губи време и да си замине.
Искреноста е најважна
„Треба да бидете искрени. Сите имаме свое минато, но она што треба да направите е да седнете со вашиот партнер и да му кажете дека сте се гледале со неговиот пријател некое време. Бидете упорни да му објасните дека не сакате вашата врска со тоа момче да влијае на вашата врска на кој било начин“, рече психотерапевтот Деидре.