Излегол да запали цигара, останал без автомобилот и жената

Сподели со своите пријатели

Необичен случај се случи во Германија. Имено, за време на сообраќајниот метеж на автопатот А7 кај Фусен во Алгау, неименуван маж излегол од автомобилот за да запали цигара.

Но, ова се покажало како лоша одлука бидејќи сообраќајот повторно почнал да се одвива, а сопругата продолжила да вози.

 

 

За ситуацијата да биде покомплицирана, неговиот телефон останал во автомобилот.

Подоцна баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А7 во граничниот тунел Фусен, пишува Fenix-magazine.

Мажот на крајот бил земен од патрола, а неговата сопруга била контактирана да го земе својот маж.

 

 

Подоцна и рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога гужвата се намалила.

После тоа, тие го продолжиле своето патување заедно.