Операцијата трае повеќе од 20-25 дена, ја најавив и ја крстив „Клопка за генерала“, така ја крстив јас тоа е мое име, бидејќи сите акции имаат титулар. Бидејќи ова е некоја организирана, бандитско-олигарски прогон на Општина Куманово со цел да се извалка името на општината, градоначалникот и се она што е поврзано со локалната самоуправа. Сакам да ја информирам кумановската јавност дека се работи за историска неправда кон Куманово, долгот кој денеска е топ тема во Куманово е целата хаварија на сите институции во Куманово е 2001-2002 и 2005-2006 година кога се воведе ДДВ и кога на фактурирана вредност ненаплатено беше 18% и тогаш се насобира долг од 45-46 милиони денари, бидејќи тогаш се фактурира 18%, наплата 40-45% и тој остаток никогаш не беше постигнат и имавме една акција од УЈП меѓутоа по нашите демонстрации и блокади дојдовме до некое решение, но како моја активност бидејќи тогаш бев член на ЗЕЛС во управниот одбор, успеавме да издејствуваме да 5% биде ДДВ на смет. Тие долгови кои беа до тогаш беа пресечени и предлог беше да бидат репрограмирани. Во 2010 година се направи репрограм со грејс период од три години на 10 години да тој долг биде исплатен од 2023 година. Од ништо предизвикана, акцијата се вика „Клопка за генерала“ пред месец дена донасаат прво писмо за блокада, а потоа ја блокираат ЈП „Чистота и зеленило“ за долг од 21 милион и камата од 37-38 милиони денари. Во репрограм не постои камата, не постои ништо, меѓутоа ова е држава како што е држава, како што сите знаете и од тука почнува целиот круг на негативни нешта. Замислете од 28 милиони основен долг од пред 15 години, Куманово е блокиран со 160 милиони, блокирана е „Чистота“, Општина Куманово, блокирани се сите јавни претпријатија и сите школи и ние сме во една парализирана општа состојба и целта е да се поремети целиот систем на даватели на услуги на граѓаните на Општина Куманово. Мојот револт е што никој, сега се разговара во Парламент за тие циркуси на Ѓорге Иванов и она што го прават во Парламентот, никој таму не зборува дека овој период кога немам Влада, Парламент имаме тотална условна, парламентарна, извршна криза, доваѓаме во ситуација да едно 7% од Македонија од популацијата живее во опасност од зараза, болести, бидејќи ние секојдневно имаме 100 тони смет на улица. Со крајни надчовечки напорни успеавме да ги балансираме луѓето кои работат во ЈП „Чистота и зеленило“. Меѓутоа тоа нема да трае бесконечно. Блокадата на општината исто така како оснивач аналогно доаѓа и тука. Ние имаме некои должничко-доверителски односи, он собира такса од метење и собирање смет во која има ставка з ачистење и метење на јавно прометни површини и таа ставка не ја зимаме бидејќи сме во тој баланс, а ние имаме програма која на годишно ниво е околу триесетина милиони денари заедно со социјалните трансфери на ниво на плаќање на смет на социјалните категории. Тука имаме некои реални побарувања од 22-23 милиони која од година во година зависи и ние секогаш ги поддржуваме сите активности на јавното претпријатие, тие го користат сетоа тоа и ги блокираат сите установи, бидејќи сите училишта, бидејќи дотациите не можат да стигнат да се плати и нафта, гас, струја, превоз, дотациите не стигаат и ние одлучивме комуналните услуги од локално ниво да бидат дел од долгот, вода, ѓубриво се дел од долгот бидејќи не можеме да ги покриеме, подобро да не платат ѓубриво на јавното претпријатие, отколку да ни исклучат струја, гас итн. Тие долгови сега ги користат и со нивни механизми за наплата на ДДВ ги блокираат сите училишта, јавни претпријатии итн. Ние сме во една целосна парализа. Дефинитивно ова не е жешка тема, ова е прежешка тема за вчера, не за денеска, меѓутоа државата како што функционира не ги интересира за 120.000 жители во која опасност се наоѓаат, пет дена барам прием кај министерот за финансии, незаинтересиран да разговара со мене, до врата не ги пушта директорот на УЈП, значи они имаат стратегија да направат една комплетна изолација на Куманово, затоа ја крстив акцијата „Клопка за генерала“, затоа што го сакаат веројатно генералот тука, се поситоветувам си давам преголемо значење меѓутоа така би ја крстил нивната акција, малку козериски, како и целото наше општество и тоа е за исмејување. Овдека нема со кој да разговараша на озбилни политички дебати, затоа што само на ваков начин, со вакви луѓе кои се изродија во нашата политика може да се дава порака. Куманово ќе продолжи да се бори и најверојатно од следната недела сите ние кои сме засегнати, а тоа не е мала бројка ќе бидеме на улица и нашите права ќе ги бараме на улица, бидејќи вака Куманово не може да продолжи, јас утре ќе имам консултација со мојот лидер, Зоран Заев да го информирам и да ги постави некои теми на дебата кога разговараме, преговараме во овие тешки времиња во овој период да не се злоупотребува период на бесвластие за узурпација на определени општини на кои ним им сметаат. Јас не знам каде исчезнаа долговите на скопските фирми, одеднаш ги снема, само се актуелни парите на Куманово. Јас одоговорно тврдам пред граѓаните на Куманово, Зоран Дамјановски, администрацијата за сите блокади на ЈП „Водовод“, Општина, Чистота, нема направено едно евро долг, сите се постари 30, 15, 20 години, се е тоа политички притисок на Куманово и сакам да ги охрабрам кумановци секогаш ќе бидам со нив и ќе издржиме да ја тргнеме оваа криминогена власт која нарпави голема штета на Македонија, посебно на Куманово – изјави Дамјановски.

