Ослабев 152 килограми за да ги направам горди моите деца, но мразам како изгледа моето тело сега, не можам да издржам да се гледам во огледало, вели 28-годишната Ана, чиј живот изгуби значително тежина.
Кога сте класифицирани како дебели, губењето килограми се смета за добра работа. Но, оваа мајка од Њу Џерси мрази како изгледа откако ги изгуби вишокот килограми. Ана уште од мала имала проблеми со дебелината.
– Од својата четврта година се бори со килограмите. Што и да правевме или кој доктор го посетивме, таа стануваше сè поголема и поголема. Беше многу фрустрирачки за сите нас – откри нејзината мајка.
Кога била најтешка, вели Ана, чувствувала физичка и психичка болка, па решила да ги изгуби вишокот килограми.
„Слабеењето на почетокот беше бавно, но одењето помогна да се забрза“, рече Ана. А, кога конечно ја достигна целната тежина, следеше горчлива реалност за неа, бидејќи остана со многу вишок кожа.
– Се чувствувам одвратно и го мразам своето тело. Секој може да види како кожата на моите раце и бедра се тресе. Сè ми виси на стомакот, ми личи на месо за хамбургер – се пожали Ана, која со вишокот кожа се чувствуваше подеднакво лошо како и порано со вишокот килограми. Но, конечно го добила телото што го сакала кога го отстранила целиот тој вишок кожа, што го открил вистинскиот степен на нејзиното слабеење.
„Целосно сум изненадена од тоа како изгледа моето тело сега“, рече таа. Сега е среќна што сега може да излезе и да се забавува со својата ќерка и повеќе не се срами да носи костим за капење – истакнува таа.