Во интервју за Блумберг, рускиот олигарх Михаил Фридман истакна дека не знаел како да живее откако пред три недели се нашол на удар на санкциите.
Имено, Фридман, кој според индексот на милијардери на Бломберг моментално има нето богатство од 10,1 милијарди долари, беше санкциониран од ЕУ на 28 февруари, а Велика Британија на 15 март.
Според Ројтерс, тој ги опиша тогашните санкции на ЕУ како „неосновани и неправедни“ и најави дека ќе ги оспори, пишува „Пословни дневник“.
Блумберг пишува дека од почетокот на инвазијата на Украина, богатството на Фридман паднало за 4 милијарди долари.
Фридман, кој е и ко-основач на лондонската инвестициска компанија LetterOne и поранешен член на одборот на руската банкарска групација Алфа-Банк, за Блумберг изјави дека санкциите значат и дека неговата последна валидна британска банкарска картичка е замрзната.
Тој тврди дека моментално живее во Обединетото Кралство, има џепарлак од 2.500 фунти (3.300 долари) месечно и мора да аплицира до британската влада за да добие дозвола за трошење на парите.
Инаку, Фридман поднесе оставка од менаџментот на Алфа-банка ден откако ЕУ го санкционираше, а поднесе оставка и од бордот на директори на LetterOne, инвестициската компанија чиј ко-основач е.
Во интервју за Блумберг, тој спомна дека мислел дека има добри односи со Западот поради неговите патувања во Вашингтон и програмата за стипендирање на Алфа-банк што ја основал за американски, британски и германски граѓани во 2004 година, пишува Investitor.me.
„Искрено верувавме дека сме толку добри пријатели на западниот свет што не може да бидеме казнети“, изјави тој за Блумберг.