Изгубената ќерка ја барале 24 години: Не ни претпоставувале дека е толку блиску до нив

Сподели со своите пријатели

Родителите ја барале својата изгубена ќерка цели 24 години. Никој не знаел каде заминала. Тие ги посетувале домовите за напуштени деца и објавувале огласи во весниците дека ја нема.

Loading...

8 јануари 1994 година бил најлошиот ден во животот на Ванг Мингкинг и Лиу Денгинг.

Додека биле на работа со продажба на овошје во Кина, со нив била и нивната тригодишна ќерка Чифенг.

Се сеќаваат дека пазарот бил полн и дека Ванг требало да размени пари со клиент – но немал кусур.

Тој отишол до соседната маса да позајми пари, но кога се вратил останал шокиран. Неговата ќерка ја немало.

Овие очајни родители се обиделе да и се јават и го обиколиле целиот пазар прашувајќи ги луѓето дали ја виделе некаде. Никој не знаел каде отишла.

Ја барале неколку години, но залудно. Тие ги посетувале домовите за запуштени деца и објавувале огласи во весниците дека ја нема.

Кога Ванг стана таксист во 2015 година, имал идеја да стави налепница со неговата ќерка на автомобилот.

Loading...

Наместо сликата на Чифенг, Ванг објавил слика од својата друга ќерка која многу личи на неа.

Имал чувство дека еден ден таа може дури и да влезе во неговото возило.

Семејството немало среќа да ја најде Чифенг, сè додека полициски карикатурист не ја нацртал како што би изгледала во денешно време.

Една жена по име Канг Јинг се изненадила кога ја видела скицата, бидејќи знаела дека треба да сподели нешто со тоа семејство.

Канг Јинг всушност била нивната ќерка Чифенг!