Изградбата на кружниот тек ќе започне откако ќе си заминат иселениците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Изградбата на новиот кружен тек во Куманово на крстосницата кај Автобуската станица ќе започне откако иселениците ќе си заминат и ќе се намали сообраќајниот метеж во градот.

Loading...

Според градоначалникот Максим Димитриевски, во меѓувреме се појавиле неколку имотно-правни пречки, кои сега се решени.

– Се појави еден објект за којшто имало поднесено легализација кој бил во внатрешноста на објектот, а којшто дел од тротоарот го зафаќа. Ја завршивме постапката за легализација и постапката за експропријација. Имаме два објекти во сопственост на на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и тоа беше главната кочница бидејќи оваа јавно претпријатие немаше обезбедено средства за дислокација на тие објекти. Побаравме од јавното претпријатие да ги предостапи тие објекти во сопственост на Општина Куманово, тоа одеше со одлука на влада се потрошија два месеци за таа постапка конечно се запишани, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Доаѓа нов топлотен бран

 

 

Сообраќајниците во овој период од годината се оптеретени, откако голем дел од нашите граѓани кои работат во странство, се дојдени и своите денови одмор ги користат во татковината. Поради таа причина, Димитриевски вели дека ќе се почека да заминат на работа, со што сообраќајниот метеж ќе се намали и ќе може да отпочнат градежните активности.

– Отпочнати се активности на делот на пробивање на кракот на „Октомвриска револуција“ каде што се јави дополнителен проблем до изградба на атмосферска канализација на еден дел и за таа цел закажавме седница на Совет, предвидуваме средства за да можеме и тоа да го вклопиме, да не биде да го пробиеме булеварот, да го изградиме, а потоа дополнително некогаш во иднина да се раскопува. Трајно да биде решен тој проблем, но како и да е ние ќе работиме согласно годишната програма, додаде Димитриевски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Доаѓа нов топлотен бран

Како што вели, пари се обезбедени, тендерските постапки се завршени, но се јавени и други проблеми, како потреба од отстранување на склонопадни дрвја и високи тополи.

– Тоа што во државата не постои лице коешто поседува лиценца да се качи на топола висока над 60 метри и да ја исече тоа се некои објективни причини, но се соочивме со такви проблеми. Имавме и сечење на склонопадни дрвја, едвај најдовме таков тип на луѓе. Му благодарам на лицето коешто се јави, мислам дека од соседна Општина Липково, ни помогна тука, рече градоначалникот.

Новиот кружен тек, инаку, треба да ја поврзе улицата „Доне Божинов“ (улица од прва категорија) со постоечкиот, и новоизграден крак на булеварот „Октомвриска револуција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Доаѓа нов топлотен бран

За таа цел се предвидени 22 милиони денари од Буџетот на Општина Куманово.

Никола Ивановски