Покрив на зграда страдаше од пламените јазици кои викендов зафатиле дел од станбена зграда во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, се започнало откако најпрвин се запалил оџакот, а подоцна од него била зафатена и кровна конструкција на зграда лоцирана на улицата „Сава Ковачевиќ“.
Седумина пожарникари интервенирале во гаснењето на пожарот со часови, поточно од 01:30 до 07:00 часот.
На „Никуљски пат“ во населбат Карпош според информации од надлежните избил помал пожар за кој се уште не се знае кој го починил.