Изгоре кумановско кафуле, пожарот оштетил и околни продавници
On:
Сподели со своите пријатели
Вчера околу 04.15 часот во Куманово, на ул. „11-ти Октомври“, од засега непознати причини избувнал пожар во кафе бар при што изгорела летната тераса, а биле зафтени и дел од продавниците кои се наоѓале во близина.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.