Изгоре кров на семејна куќа во липковско

Сподели со своите пријатели

Кров на семејна куќа изгоре вчера во липковското село Слупчане.

Loading...

– Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатиот период имале една интервенција во село Слупчане на запалена семејна куќа, инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што појаснуваат оттаму, во пожарот целосно е изгорена кровната конструкција.

Шестмина пожарникари со две провипожарни возила интервенирале во период од 12:20 до 16:55 часот.

Причината за пожарот, како и висината на настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Никола Ивановски