Изгледаат како скапоцени камења: Луѓето полудеа по оваа шарената пченка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Оваа пченка е позната и како „индиска“ или „калико“ пченка и потекнува од Северна Америка. Тоа е вид на разнобојна пченка и се добива со вкрстување на неколку сорти

Loading...

Ако сакате пченка, сигурно ќе ви се допадне и оваа шарена. Имено, тоа е потполно исто како и нормалната сорта, но наместо жолто, доминира сјајот на разнобојни зрна.

Оваа неверојатно убава и уникатна пченка станала интернет сензација кога на различни платформи за социјалн мрежи беше објавена фотографија од шарена пченка.

Бидејќи клипот изгледаше нереално светло со монистра што блескаа како ретки скапоцени камења, многу луѓе не ни поверувале дека е вистинска, па тврдеа дека фотографијата е монтирана.

 

 

Но, шарената пченка е повеќе од вистинска, не е фотошопирана или генетски модифицирана, туку е сорта со отворено опрашување што е украсена со различни нијанси на розова, виолетова, жолта, зелена и сина.

Loading...

Прекрасни, транспарентни зрна со различни бои се одгледуваат во релативно топла клима и можат да се берат приближно 110-120 дена по садењетокога лушпите се суви и кафеави.

 

 

За жал, оваа неверојатно убава пченка не може да се јаде како обична, но треба да се обработи – мелете ја во пченкарно брашно или користете ја за торти.

На TikTok, исто така, полуделе по неа, а TикТокерка @islandgardenstead на својот профил ја споделила шарената пченка што самата ја одгледува.

 

Loading...

 

– Оваа година одгледав шарена пченка во градината на сестра ми и вредеше да се чека! Досега имам отворено само неколку клипови, но секој од нив е како да се расплетува подарок – рекла таа во видеото.