Изгледа чудно, но помага: Вентилаторот навечер наместете го вака, подобро ќе работи од клима

Сподели со своите пријатели

Климата е скап спорт, а на многумина не им се допаѓа. Доколку сакате да заштедите пари, а сепак да се разладите, имаме решение за вас.

Loading...

Додуша, важи само ноќе, а гласи вака: навечер насочете го вентилаторот да дува низ прозорецот, односно кон надвор.

Звучи нелогично, но кога вентилаторот дува надвор, го турка топлиот воздух надвор од просторијата и го заменува со свеж воздух однадвор.

Ако исто така оставите отворен прозорец и добиете благ провев, ќе спиете како бебе.

Секако, имајте на ум дека тоа важи само за ноќи кои се пријатни и забележливо поладни од температурата во вашата соба, пишува Крстарица.

Кога температурата е иста надвор и внатре ноќе, тогаш едноставно свртете го вентилаторот кон себе.

Иако, се разбира, тоа е многу помалку здрава опција.