Пожарот на површината на океанот западно од мексиканскиот полуостров Јукатан, кој избувна во петокот наутро, беше изгаснат, објави државната мексиканска нафтена компанија Пемекс.
Причината за пожарот, чии снимки предизвикаа бура на социјалните мрежи, беше истекување на гас од подводниот гасовод, објави компанијата, како што пренесе Ројтерс.
Светло портокалово пламен што скока од водата како стопена лава е наречен „огнено око“ на социјалните мрежи.
Пожарот беснееше во Мексиканскиот залив на релативно кратко растојание од платформата на нафтената компанија Пемекс.
Според изјавата, биле потребни повеќе од пет часа за пожарот целосно да се изгасне.
Пожарот започнал во подводниот гасовод што ја поврзува нафтената платформа на Пемекс со најважното поле, Ку Малуб Сап, кое се наоѓа недалеку од јужниот раб на Мексиканскиот залив.
Пемекс наведува дека никој не е повреден во пожарот, а производствените капацитети не се оштетени.
Пожарот избувна околу 5,15 часот по локално време и беше целосно изгаснат до 10,30 часот. Азот бил искористен за гаснење на пожарот, се додава во извештајот. Се испитуваат причините за пожарот.
Анхел Каризалес, шеф на мексиканското регулаторно тело за безбедност, во објава на Твитер изјави дека нема „излевање во океанот“, но тој не објасни што гори на површината на водата.
“EYE OF FIRE” ???
An underwater pipeline leak sparked a blaze in the Gulf of Mexico. A Mexican oil company says the fire originated from a gas leak in a submarine pipeline early Friday morning. #GulfOfMexicoFire pic.twitter.com/JDprGxrtwE
— #WVTM13 (@WVTM13) July 3, 2021
Во меѓувреме нова експлозија во форма на огнена топка доаѓа од водите на Каспиското море
Огромна огнена топка се издигна од Каспиското Море во неделата, и можеше да се види од Азербејџан.
Сè уште не е познато што точно се случило бидејќи се појавиле различни информации за тој феномен, а засега во оптек се три теории.
Медиумите најпрво објавија дека има експлозија на нафтената платформа и дека избувнал пожар, но Министерството за екологија на Азербејџан објави дека е можно дури и да станува збор за вулканска ерупција.
Азербејџанската државна нафтена компанија „Сокар“, пак, објави дека станува збор за ерупција од кал.
Инцидентот се случил во 21.30 часот по локално време, кога е регистрирана голема експлозија и пожар јужно од главниот град Баку. Според РТ, експлозијата наводно се случила на платформата Умид, второто по големина наоѓалиште на природен гас во Азербејџан.
Официјален претставник на државната нафтена компанија негираше дека имало каква било несреќа на платформите на таа компанија.
Од компанијата велат дека најверојатно станува збор за ерупција од кал што не предизвикала штета на платформата. Во Каспиското Море има многу вулкани од кал, кои покрај калта испуштаат и запалив гас.
Портпаролот на Сокар, Ибрахим Ахмадов изјави дека огнената топка се појавила на растојание од 10 километри од полето за гас, поточно на 75 километри од брегот на азербејџанскиот главен град, објави „Гардијан“.
Азербејџанското Министерство за екологија изјави дека истрагата за инцидентот е во тек и дека прелиминарните резултати покажуваат дека најверојатно станува збор за подводна ерупција на вулкан.
Не е познато дали има повредени во експлозијата. Државната поморска служба, пак, им нареди на бродовите да се држат настрана од местата каде се гледа пожарот.
Azerbaijan: Explosion and fire at offshore Umid gas field in Caspian Sea near Baku https://t.co/ArKsmr3oG6 pic.twitter.com/PZF2rNdTWT
— Liveuamap (@Liveuamap) July 4, 2021