Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореа 50 хектари бор и даб

Сподели со своите пријатели

Пожарот кој неколку дена гореше во село Длабочица во Општината Старо Нагоричане е изгаснат, а огнот уништил околу 50 хектари борова и дабова шума.

Loading...

Во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и 7 пожарникари, 13 лица вработени во Шумско Стопанство, како и 10 мештани од селото.

 

 

Според Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски пожарот е изгаснат околу 19 часот и две екипи на Шумско стопанство останале на терен да внимаваат на две критични точки.

– Се работи за многу стрмен и неприоден дел со мешана шума каде што има и поголем дел од борова шума. Има многу долови, карпести места, многу тешко проодни за гаснење со нога, а за возила да не зборам. Проценките грубо по обиколка на терен се дека се изгорени околу 50 хектари шума, изјави Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50 хектари површина изгоре во пожарот во Ваксинце и Слупчане

 

Loading...

 

Како што додаде сега надлежните треба да утврдат дали човечки фактор е причината за избувнување на огнот.

 

 

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане покрива голем регион, каде се наоѓа и Козјачијата со големи шумски пространства и непристапен терен. Но, и човечките ресурси и опрема со кои располагаат се скромни.

– Ние располагаме со девет пожарникари, со две противпожарни возила, тие се многу стари, 81-ва година и 88ма година. Секако дека имаме потреба и пожелно е да го обновиме возниот парк, пожално е да има барем и кога почнува сезонава осум, би рекол и макар четворица дополнителни пожарникари. И самата старост на возилата, колку и да се исправни возилата тие се амортизирани и стари. Теренот е огромна територија, патиштата се такви какви што се, луѓето се иселуваат  сето тоа е дополнителна потешкотија кога ќе избувне пожар на планинските места и за самото доаѓање треба многу време, вели тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово во борба со дивите депонии, ќе се чисти и речното корито

 

 

Пожарникарите во Старо Нагоричане вчера бележат интервенција и на запалена стара племна во селото Коинце. Двајца пожарникари гаснеле во период од 17:15 до 20:00 часот.

 

Никола Ивановски