Издадено предупредување за силно невреме во Грција

Сподели со своите пријатели

По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Loading...

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Источна Македонија и Тракија.

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува во четврток и дека невремето ќе има во претежно планинските предели во централните и северните предели.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени.

Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува во Јонското и Китерското Море.

Во четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција.

Подрачјата кои ќе бидат зафатени се: Источна Македонија, Тракија, Халкидики, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Loading...

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки.

Посебно предупредување се однесува на области каде што се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.

Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури кои се очекуваат за викендот.