Избришавте важен документ? Без паника, еве како да го вратите! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога бараме документ во корпата за отпадоци и сфаќаме дека тој е трајно избришан – тогаш се појавува сериозен проблем. Сепак, Мајкрософт најде решение.

Loading...

Веднаш ја бараме првата трага од избришаниот документ во садот за отпадоци, односно иконата Recycle Bin на работната површина на компјутерот. Сепак, дури и кога не го наоѓаме овде – не е сè изгубено!

Мајкрософт најде решение за ова, но и за проблемот кога не можеме да отвориме документ во Ворд. Имено, ваквите проблеми се нешто од минатото со нова алатка наречена Windows File Recovery.

Оваа алатка ќе им овозможи на сите корисници, во случај на какви било проблеми што вклучуваат дефект на компјутерот, да ги зачуваат сите документи, дури и кога ќе ги избришеме од датотеките.

Исто така, Windows File Recovery ќе ви овозможи да ги зачувате сите лични информации, вклучувајќи фотографии, видеа, документи и многу важни податоци за кои мислевме дека се изгубени засекогаш. Алатката може да се користи за зачувување документи од хард диск, USB меморија и мемориски картички.

Она што е отежнувачка околност за користење на оваа алатка е дека корисниците ќе мора да бидат малку понапредни корисници на оперативниот систем Виндоус, затоа што тоа е основа за работата на Microsoft Comand Prompt.

Како работи оваа алатка

Windows File Recovery работи на таков начин што кога датотеката е избришана од вашиот компјутер, таа не исчезнува целосно, туку неговиот простор на дискот е обележано како слободно за пишување нови податоци. Сè додека не се внесат нови податоци на тоа место, постои шанса избришаниот документ да биде зачуван.

Loading...

 

Leave a Reply