Кошаркарскиот клуб Куманово и официјално доби ново раководство во пресрет на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.
Александар Крстевски Крсто официјално е новиот претседател на клубот и тој е извршен член на одборот на директори, а друштво ќе му прават уште 10 лица, кои ќе бидат неизвршни членови.
Loading...
Александар Тушевски, Драган Петровски, Александар Јакимовски, Дамир Вујадиновиќ, Иван Ангеловски, Ненад Стојановски, Оливер Стефановски, Виктор Божиновски, Младен Давидовиќ и Иван Анастасовски.
– Ова се 11 членови на новиот состав на одборот на директори на КК Куманово 2009, согласно одлуката на Собранието, го овласти овој управен одбор во понатамошниот тек на својата работа да може да кооптира до 15 членови, колку што е законскиот максимум согласно Законот за трговски друштва, меѓутоа за тоа на некоја од наредните седници ќе можеме да разговараме, со тоа што таквата одлука ќе биде потврдена на првата наредна седница на собранието на друштвото, рече Виктор Божиновски, поранешен претседател на клубот и сегашен член на Управниот одбор.
Уште еден од новитетите оваа сезона во КК Куманово ќе биде и Координативното тело за развој на кошарката во клубот, каде ќе има 16 члена.
– Моментално имам предлог за шест, а тоа се Славиша Станојевиќ, Дамјан Митевски, Бошко Тасиќ, Димитар Ковачевски, Драган Трајковски и Никола Вучковски да кооптираат во Координативното тело за развој на кошарката во Куманово. Исто оваа тело може на следниот состанок да го надополниме со некои други помагачи и спонзори на кошарката, рече Александар Крстевски, претседател на клубот.
Loading...
Утринава било одржано и Собрание на акционери на КК Куманово каде е донесена одлуката за избор на новите членови на одборот на директори, усвоени се завршните сметки и финансиски извештаи за 2017 година, а биле извршени и одредени измени и дополнувања на статутот на акционерското друштво во согласност со Законот за трговски друштва.