Избрани најдобрите просветни работници

Сподели со своите пријатели

Професорите и учителите од македонските училишта, Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Сузана Николовска од „Кире Гавривлоски Јане“, Прилеп, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“од  Битола и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“- Скопје беа прогласени за најдобри учители и професори на денешната свечена академија која ја организираше Сојузот на просветни работници во Куманово.

На свеченоста која се одржа во Занаетчискиот дом, присуствуваше и заменик министерот за образование Петар Атанасов, кој им го честиташе Денот на учителот и истакна дека оваа професија е ислучително важна за развој на идните генерации. Пред присутните вети дека надлежните институции ќе работат преку законски измени со кои ќе се скратат административните работи на учителите за да можат да се посветат на воспитувањето и образованието на учениците.

„Ќе направииме се да добете поддршка и од централаната и во соработка со локланата власт, да може да вложиме и во инфраструктура, надграба на наставните планови, изработка на подобри учебници, но пред се во создавање на добра општествена клима за  статутот и улогата на наставникот и учителот во општеството„-рече Атанасов.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, рече дека е потребно да се вложува во работните услови, за да може да се подобри и образованието.

„Со вашиот професионален ангажман давате голем придонес во делот на реализацијата на воспитно образованиот процес во Макеоднија. Тоа е и суштината на секојдневното образование“-рече меѓу другото, Димитриевски.

Претседателката на Сојузот на просветните работници на Македонија, Лидија Николовска-Георгиевска, истакна дека професијата учител е благородна, а учителот е огледало на воспитно образованиот процес и модел на позитивно делување на младата популација во сите сфери на живеењето.

Со пораки дека образованието е најголемиот влог на општеството се обратија и дел од прогласените учители и професори на денешната манифестација.

УНЕСКО го прогласил 5-ти октомври за Светски ден на учителите во 1993 година, а во Македонија се одбележува од 1994 година. Во фокусот на вниманието годинава, темата е „Право на образование значи право на квалификуван учител“.

Leave a Reply